Елиминацијата на Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите дојде како порачана за Франк де Бур кој го возврати ударот добиен од Жозе Мурињо.
На прес конференцијата пред мечот против Севиља, Мурињо рече дека Франк де Бур е најлошиот тренер во Премиерлигата. Статистички гледано тоа е вистина, Холанѓанецот со Кристал Палас не освои ниту еден бод, неговиот тим не постигна ни гол додека не доби отказ.
Но победата на Севиља дојде во прав момент за Де Бур, а тој поразот на Јунајтед го искористи за да му врати на Португалецот.
„Можеби јас сум најлошиот тренер во историјата на Премиерлигата, но тој е тренер кој потрошил околу 1 милијарда во неговата кариера а неговите тимови играат таков фудбал“, изјави Де Бур.
Нема дилеми дека одговорот ќе стигне, прашање е само колку ќе биде остар.