Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да вети дека Унгарија ќе има пари за покачување на пензиите ако биде принудена да ги угости мигрантите.
Како што кажа тој, доколку Унгарија биде принудена да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) по мигрант, може и да нема пари ни за детски додатоци и даночни олеснувања за семејствата со деца.
Орбан во видеоприлогот што го постави на својата официјална страница на Фејсбук кажа дека „Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане Унгарија“.
Орбан, претставувајќи ги кандидатите на својата партија Фидес во градот Њиреџхаза на истокот на Унгарија, рече дека „постојат два вида земји во Европа: тие што мигрантите ги зазедоа или ќе ги заземат и тие што нема да ја дозволат таа инвазија“.
„Унгарија припаѓа во втората група“, порача Орбан.