Принцот Салман: Ако Иран направи нуклеарно оружје, ќе направиме и ние

Саудиска Арабија ќе произведе нуклеарно оружје, ако истото тоа го стори и Иран, изјави саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

 

„Саудиска Арабија не сака да има никакви нуклеарни бомби, но ако Иран развие нуклеарна бомба, без сомнеж и ние ќе го направиме истото во најбрз можен рок“ изјави Мухамед бин Салман во интервју за Си-Ен-Ен.

 

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, има за цел да ја намали зависноста од овој енергенс, па за таа цел подготвува изградба на два нуклеарни реактори. САД, Јужна Кореја, Русија, Франција и Кина се натпреваруваат за мултимилијардерскиот тендер за изградба на првите два нуклеарни реактори во Саудиска Арабија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien