ВИДЕО – Петрески : Ситуацијата со градскиот превоз во Прилеп е катастрофална од 12 автобуси, само 7 се функционални

Ситуацијата која ја затекнав во ЈП за ПУП кога дојдов на директорското место на 11 јануари 2018 година е катастрофална. По завршна сметка, претпријатието има покажано за 2017 година 5 милиони денари загуба. Додека обврските во овој момент се околу 10 милиони. Што значи 6 милиони должиме на 6 фирми кои што се поголеми. Два милиони и 300 илјади денари и должиме на општината за паркинг просторите, а останатите 2 милиони се кон помали доверители. Истакна на прес конференција Славе Петрески, дииректор на ЈП за ПУП – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Оваа ситуација е настаната од причина што во ланскиот период не се водело грижа за автобусите, а една друга причина е што навистина автобусите се стари и во катастрофална состојба. Од тоа што не се водело грижа, од тоа што го видов во последните фактури, можам да кажам дека се купувале резервни делови по катастрофални цени, повисоки од нормалните.

 

Еден пример сакам да ви кажам. Набавени се гуми за 17.200 денари, а фактичката цена на истите гуми е 13.500 денари. Плаќани се услуги за поправка на автобусите исто така по повисока цена од она што е нормално. За замена на ладњаци е платено 9.000 денари, а фактичката цена е 2.000 денари.

 

Во овој момент, откако дојдов јас, тие трошоци се намалени на минимум. Сакам да кажам дека во моментот сами си ги одржуваме возилата, имаме механичар и за услуга немаме платено ни еден денар. Заангажирани сме повеќе отколку до тогаш и не плаќаме воопшто за механичари, немаме платено ни еден денар. За поправка на автобусите имаме во овој момент долг од 860.000 денари за механичарски услуги.

 

Во моментот располагаме со 12 автобуси. Од тие автобуси, 3 работат за Гентерм, 5 не се во возна состојба, а 4 имаме во градскиот превоз. Но во ниту еден ден немаме пуштено 4, бидејќи ако еден се поправи, друг се расипува. Тоа е навистина катастрофална ситуација, бидејќи тие се многу стари. Како се набавени, кој ги набавил, како дошле до оваа состојба треба да кажат претходните раководите на претпријатието.

 

Инаку, со градоначалникот правиме посебни напори да набавиме автобуси со кои би ја подобриле ситуацијата во самото претпријатие за јавен превоз во градот Прилеп. Со овие автобуси, ако продолжиме вака, нема шанса да издржиме. Нема никаква шанса, бидејќи се многу стари. Заедно со механичарот правиме напори, но е многу тешко“, истакна Петрески.

 

Тој додаде дека не знае колку ќе чинат тие нови автибуси кои треба да се купат.

 

„Имаме на располагање 200.000 евра. Ако купиме нови, не можеме ни еден да купиме. Но мора да се набават автобуси, половни, а во добра состојба, со кои ќе ја подобриме ситуацијата во градскиот сообраќај. Како што кажав 5 воопшто не се во возна состојба. Пробуваме да ги поправиме, но е многу тешко, бидејќи да ги поправаме ќе кошта многу повеќе од набавка на други половни автобуси. Новите автобуси се многу скапи, а ние немаме предвидено толкави средства ни во буџетот на општината, па ни ние како претпријатие“, кажа Петрески.

 

 

 

Раководителот на градскиот превоз Александар Јошески рече дека секој ден се соочувале со прекиин на линиите, а моментално возеле 3 автобуси.

 

„Моментално возат 3 автобуси на линии денес. Секој ден се соочуваме со прекини на линиите. Имаме проблем што еден автобус се пушта, па се расипува, така што ниту ние можеме да фатиме ред со нив, па не граѓаните. Потребно е обнова на возниот парк. Колку и да се трудиме овие автобуси да ги порправиме, веќе си го зеле својот дел. Потребни се минимум 10 автобуси, за нормално функционирање на градскиот превоз. Реално имаме 3 линии, а од Совет одобрија уште 2 линии. Значи на постоечките линии каде што автобусите се обраќаат секој час, треба да бидат на половина час. Што значи за постоечките ни се потребни 6 втобуси и плус дополнително за останатите линии уште 2, тоа се 7. Гентерм што ги возиме работниците се 3, што значи ни требаат некаде 10 активни автобуси дневно“, истакна Јошески.

 

На прес конференцијата беше потенцирано дека и „Пајак услугата“ е под ЈП за ПУП и се планирало нејзино наскоро повторно пуштање во употреба. А беше истакнато ии тоа дека за последните два месеци, наплатата за паркинг услугата била зголемена за 50%.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи