ВИДЕО – Ристески : Тврдењето на Јованоски за презадолженост на Општина Прилеп со 3.5 милиони евра паѓаат во вода

Со донесувањето на оваа завршна сметка за буџетот на Општиина Прилеп за 2017 година видовме дека се потврди извештајот од Министерството за финансии, наспроти укажувањата на градоначалникот Илија Јованоски дека општината се наоѓа во лоша финансиска состојба. Ова го изјави координаторот на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, по завршувањето на денешната 11-та седница на Советот на Општина Прилеп.

 

 

„Се потврди укажувањето на Министерството за финансии, кое ги имаше објавено најголемите 20 должници меѓу општините во Република Македонија, а Општина Прилеп не беше ниту во првите 20. Последната, 20-тата општина беше некаде со  1 милион и 200 илјади евра долг, а со тоа се потврдува и сега дека Општина Прилеп не е меѓу најзадолжените општини во Република Македонија. Од завршната сметка, од заклучокот, можеме да видиме дека според книговодствената евиденција на вкупните неизмирени обврски на Општина Прилеп, заклучно со 31.12.2017 година, изнесуваат 34.827.517 денари. Вкупните доспеани обврски заклучно со 31.12 биле 29.387.000, додека недоспеаните обврски 5.439.000 денари. Состојбата на паричните средства на ден 31.12. изнесувале 8.400.000 денари. Така да приказките на градоначалникот за презадолженоста на Општина Прилеп со некакви 3.5 милиони евра паѓаат во вода“, истака Ристески.

 

Според Ристески доколку се споределе побарувањата и обврските на Општина Прилеп ќе се видело дека состојбата не била воопшто толку лоша.

 

„И да кажеме дека Општина Прилеп, по основ на побарување има околу 206 милиони денари. Така да ако се споредат обврските и побарувањата, граѓаните можат да оценат сами во каква состојба се наоѓа сметката на Општина Прилеп, а тоа е дека се наоѓа во добра состојба, која понатаму би овозможила реализација на сите проекти кои овој градоначалник и оваа локална самоуправа ги ветија во предизборниот период“, додаде Ристески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи