Заев: Македонија – земја за сите наши граѓани, тоа е патоказ за нашата иднина

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев, во првата своја јавна реакција по вчерашното донесување на Законот за употребата на јазиците, во видео обраќање вели, Законот за употреба на јазиците претставува сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“.

 

„Оваа наша и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни, но и на локалните избори. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Овој закон е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, донесени пред 17 години. Никој не е и не може да биде над Уставот. Време е сите ние, политичарите, да ја преземеме одговорноста што им ја ветивме на граѓаните и да ги заокружиме реформските процеси во Република Македонија. Време е за реформи и за економија, време е за развој на Македонија, во интерес на сите граѓани“, порача Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи