ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Благодарение на Локвенец, Смилеска, Јованоски и СДС сега Прилеп е двојазичен

Бидна и тоа што не веруваше никој жив, а ни поколенија на назад во Прилеп. Градот херој стана двојазичен. Да да, Прилеп. Благодарение на Хари Локвенец, Кери Смилеска, градоначалникот Илија Јованоски и нивната СДС, стана двојазичен. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Револот е огромен. Од ова културно место, градскиот часовник, пред една година Зоран Заев со овие прилепски функционери ви најави албански јазик во музичкото училиште и во целиот град. Затоа сега Бујар Османи со автобуси ќе ја влечка прилепската администрација на обука за албански јазик во Тетово.

 

Битно ги изгласаа и казните. Пет илјади евра за тој што нема да знае албански јазик. Нема 500 евра плата, нема 20% пониски сметки за вода, нема повраток на ДДВ, нема затворен базен во Прилеп. Нема ништо, освен пропаст на градот. Но не заборавајте, наместо со поголем стандард и нови работни места, вие ќе живеете подобро со двојазичноста.

 

Тоа е прва фаза пред федерализација, пред поделба на државата. Овие функционери на каубојски начин, насилно и со пуч, прекршувајќи Устав за да им угодат на ДУИ, изгласаа двојазичност. Колку ќе беше подобро да се тепаат за да ви ја зголемат платата, или да ви ги намалат сметките за вода и струја.

 

Жално и болно, во сопствената Македонија, да ве казнуваат ако си го сакате својот јазик. Тоа е новиот живот, тоа се верувањата на СДС, пратениците нивни и градоначалникот. Од утре шарената општинска зграда е веќе Комуна Прилепи. Се надеваме и градоначалникот и пи-ар тимот од 72.000 денари месечно ќе уживаат кога соопштенијата и изјавите ќе бидат двојазични. А вие пак да им верувате на оние, според македонската јавност, предавници“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи