Заев најаваи реконструкција на Владата и зголемување на парламентарното мнозинство

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата. Тој посочи и дека очекува зголемување на парламентарното мнозинство, при што ќе разговараат со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

 

Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што посочи, ќе бидат договорите со политичките партии и пратениците, кои би ја прифатиле владината програма за влез во парламентарното мнозинство.

 

Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ порача дека почнувањето на процесот ќе значи испраќање сериозна порака дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство во Собранието да носи сериозни одлуки во Македонија.

 

„Апсолутно ќе разговараме со сите кои имаат намера да поддржат концепт на едно општество за сите, оние кои се придржуваат до вредностите на ова владејачко мнозинсто, а тоа апсолутно со Законот за јазиците е определено во кој правец ќе се движиме“, истакна Заев.

 

Додаде дека луѓето кои што не даваат шанса на едно општество за сите како концепт, не не можат да бидат дел од парламентарното мнозинство.

 

„Тие што даваат шанса редно е да разговараме со нив, затоа што некои од нив и досега беа опозиција, а даваат поддршка на вредности што значат едно општество на сите, кое е посветено на реформите и евроатланските интеграции на Република Македонија“, рече Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи