Коѕијас добил писмо со закани и куршум поради македонското прашање

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во пресрет на претстојната посета на Скопје, добил анонимно предупредувачко писмо со кушумж .Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“, пренесува МИА.

 

„Сите оние од вас што се чувствувате Грци, борете се за нашиот идеал, за нашата историја, за нашиот идентитет. Прашањето со името на Скопје крие големи стапици“, пишувало во еден дел од дописот.

 

Во писмото исто така сериозни закани се испратени и до пратениците кои ја поддржуваат спогодбата околу прашањето на името со Република Македонија.

 

„За сите останати, особено за оние што ќе стават потпис на распродавањето на нашата Македонија важи само едно нешто: ќе направиме да ги снема нивните семејства, од најмалиот до најголемиот“, се вели во дописот.

 

На крајот од заканувачкото писмо, бил упатен повик до безбедносните сили и армијата.

 

„Не им се потчинувајте на нивните наредби, влезете во парламентот и исчистете ги сите, запирајќи ја распродажбата за НАТО и ЕУ“, напишал анонимниот испраќач.

 

Писмото и куршумот се предадени во полиција за истрага и вештачење за да се открие испраќачот.

 

Според досегашните најави Коѕијас следната недела треба да допатува во Скопје на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien