ВИДЕО – Над 3.000 параглајдеристи од цела Европа летово ќе присуствуваат во Крушево

Крушево ова лето ќе биде сардисано од над 3.000 параглајдеристи од цела Европа. Веќе се закажани околу 10 национални првенства на повеќе европски држави и други меѓународни турнири. Сликите со стотици парагјадеристи кои делуваат како да изведуваат совршен танц во воздухот ќе бидат составен декор на градот од јуни па се до септември.

 

Македонскиот параглајдерист Мартин Јованоски кој ќе биде дел од организацијата на овие настани вели дека поволните метео услови во Пелагонија, ефтините цени и гостопримливоста ги привлекуваат параглајдеристите од Европа своите национани првенста да ги прават токму во Крушево, што е и негова предност.

 

 

„Многу е иинтересно кога нивниот национален шампионат ќе се направи на место кое што не е толку познато за нивните локални пилоти, не го летаат секој ден и на еден начин е неутрален терен. Македонија е доста ефтина за посета, имаме доста атрактивни терени за летање, многу историја за посетување и е еден интересен сплет од натпреварувачки аспект и туристички аспект“, вели Јованоски.

 

Крушево веќе котира меѓу 10-те топ европски дестинации за параглајдеристи. Со овие активности алтернативниот спортски или параглалдинг туризам полека ќе го завземе местото на зимскиот туризам во Крушево. Од Општина Крушево велат дека подготовките за напливот на туристи веќе се започнати.

 

„Пројавуваат интерес и тур операторите кои од понеделник сакаат да дојдат во Крушево да ги закупат приватните сместувања, не само хотелските. Имаме голема поддршка од Агенцијата за промоција на туризмот, тие веќе издадоа повеќе цедиња и брошури за промоциција на Крушево“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

Според државниот завод за статистика лани Крушево го посетиле 30.000 туристи, за годинава се очекува тој број да биде 50.000, а најголем виновник за тоа ќе биде развојот на параглајдерството и екстремните спортови кои гии негува Крушево.

 

Од зголемиот број туристи секако најголем бенефиит ќе има крушевската економија, затоа ги повикуваат сите жители активно да се вклучат во промоцијата на Крушево.

 

„Заедно да се вклучиме и да им понудиме подобар престој на туристите оваа година вклучително тука се и параглајдерите, во интерес на подобар туризам и повеќе посетители“, истакна Сотир Габелоски, сектор за локален економски развој Крушево.

 

За да се подобрат условите на параглајдерите за неколку денови на полетувалиштето на „Мечкин Камен“ ќе се поставувала вештачка трева, а во иднина се планирало изградба на сала за состаноци, паркинг, како и изградба на уште еден старт лоциран на неколку стотини метри од постоeчкиот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи