Саркози втор ден на распит

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот француски претседател Никола Саркози втор ден по ред е на распит поради наводите дека за неговата кампања во 2007 година добил финансиски средства од либискиот диктатор Моамер Гадафи.

 

Саркози кој вчера наутро беше приведен на разговор во полицијата, ноќта ја поминла во неговиот дом и денеска се вратил во полициската станица во западен Париз каде продолжил распитот.

 

Истражувачите испитуваат дали режимот на Гадафи тајно му дал на Саркози вкупно 50 милиони евра за кампањата од 2007 година, што би било значително над легалната граница за финансирање на кампања, која во тоа време изнесувала 21 милион евра.

 

Покрај тоа, наводното плаќање на кампањата на Саркози ги прекршило и француските прописи, според кои се забранува финансирање од страна и се бара објавување на изворот на средства за водење на кампања.

 

Француските власти ја отворија истрагата во 2013 година. Саркози кој беше претседател од 2007 до 2012 година негира дека имал корист од било какви нелегални финансиски средства, ги отфрли обвинувањата и ги нарече гротескни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи