Шпанскиот регион Каталонија денеска гласа за нов претседател, а според статистиката, најголеми шанси за победа има Жорди Турул, поранешен лидер на каталонското претседателство.
Турул е трет кандидат предложен за таа функција по неуспешните обиди да се избере повторно сменетиот лидер Карлес Пуџдемон кој сега е во егзил. Турул е предложен како нов кандиат за претседател на таа шпанска покраина откако сепаратистичкиот кандидат Жорди Санчез се откажа од кандидатура.
Сепаратистичките партии претходно го предложија Санчез, кој е во затвор, за нов претседател, но шпанскиот Врховен суд му забрани да присуствува на гласањето и неговиот избор го направи речиси невозможен.
Каталонија речиси половина година е без лидер, откако во кулминацијата на борбата за независност и автономија, Карлес Пуџдемон побегна во Белгија. Од тогаш центалната власт ја презеде контролата врз управувањето на Каталонија.