Повредени двајца војници во тетовската касарна при чистење на оружјето

Facebook
Twitter
Email
Print

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ утринава се здобиле со тешки телесни повреди за време на вежбата која што ја имале утринава, додека го чистеле оружјето.

 

Со испукан еден куршум од „митралез“ се повредиле двајцата војници на АРМ, потврдија денеска од Генералштабот на АРМ.

 

„Утрово во 9:55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дојде до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници на АРМ. Според првичните информации, при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници М.Ј и В.Ш“, се наведува во соопштението на АРМ.

 

Повредените војници се пренесени во болницата во Тетово каде се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје.

 

Од АРМ потврдуваат дека двајцата војници се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.

 

Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи