Саркози ги отфрли обвинувањата против него: Животот ми стана пекол

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ги отфрли обвинувањата дека прифатил милиони евра за нелегално финансирање на неговата кампања од либискиот диктатор Моамер Гадафи.

 

„Јас сум обвинет без никакви физички докази“, рекол Саркози на распитот.

 

Во изјавата се наведува дека тој е свесен дека обвинувањата против него се сериозни, но дека се работи за клевета и дека животот му станал пекол уште од 11 март 2011 година, кога за првпат беа направени тврдењата од Гадафи.

 

„Никогаш не сакав да ги избегнам обврските во моите контакти со моите пријатели, колеги и сите луѓе споменати во оваа постапка”, рекол Саркози додавајќи дека никогаш не се обидел да влијае на нивните изјави или врз пресудите.

 

По распитот, кој траеше два дена, 63 годишниот Саркози е обвинет за нелегално финансирање, пасивна корупција и примање на проневерени либиски средства. Истражителите ги проверуваат наводите дали владата на Гадафи тајно му дала 50 милиони евра на Саркози за претседателските избори во 2007 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи