Се подготвува ново правило што комплетно ќе го промени фудбалот

Facebook
Twitter
Email
Print

Англичаните подготвуваат ново правило во фудбалот кое што целосно ќе го промени овој спорт.

 

Имено сите знаеме дека во моментов постојат две казни, кои судијата може да ги додели на еден фудбалер, односно жолт картон за остар прекршок или неџентлменска игра и црвен картон за исклучување доколку фудбалерот добие два жолти картони или направи „глупост“ со преостар старт. Еднаш кога играчот ќе добие црвен картон не може да се врати во игра, а во зависност од дополнителната казна паузира најмалку еден дополнителен натпревар.

 

Англичаните сега смислија правило според кое фудбалерот може да биде исклучен на само 10 минути. Според новото правило, кое веќе се тестира во младите категории во Англија, судијата може да исклучи фудбалер на 10 минути, за тој да ја „олади зовриената глава“. Нешто слично како што има исклучување од две минути во ракометот.

 

Според најавите од Островот, правилото за исклучување на 10 минути на фудбалер е само во ситуации кога фудбалерот жестоко реагира и се кара со судијата. Во досегашната анализа, правилото веќе за 38 отсто ги намалило бројот на приговори од фудбалерите кон судиите.

 

„Ова правило е нешто што може да заживее и сојузот сигурно ќе го прифати. До сега имавме 32 лиги во кои експериментиравме со правилото и искуството е многу позитивно. Има 38 отсто помалку приговори и кавги, а тоа е резултат на притисокот од соиграчите. Кога ве нема на теренот десет минути, другите фудбалери не се среќни поради тоа. Ќе го зголемиме бројот на лиги каде што ќе го тестираме ова правило и следната сезона, а уште повеќе во 2020 година. Стартот е позитивен, ама правилото полека мора да се воведува. Не експресно. Сето ова им го олеснува судењето на арбитрите“, рекол Нил Бери, првиот човек на здружението на фудбалски судии.

 

Новото правило засега е во експериментална фаза, но ако заживее во Англија, големи се шансите да биде прифатено и од ФИФА.

 

Оваа нова револуција нема да биде чудно ако за пет-шест години се појави и на сениорско ниво. Толку време требаше по силни дебати за да се водеде видео-технологија, прво со гол-линија технологијата, а сега и со ВАР.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи