Две жртви во заложничката криза во југозападна Франција

Непознато лице застрелало и ранило полицаец и држи заложници во супермаркет во градот Требу, близу Тулуз, Франција, информираат локалните медиуми.

 

Според првичните информации, вооружениот напаѓач влегол во маркетот и таму држи како заложници непознат број на луѓе. Во моментов супермаркетот е опколен со полиција.

 

„ Јас сум војник на Исламската држава“, извикувал осомничениот.

 

Се претпосатвува дека напаѓачот претходно пукал во полицајци и ранил во рамо еден од нив, а потоа влегол во маркетот. Тогаш повтроно се слушнале истрели од огнено оружје.

 

„Има две жртви“, изјави градоначалникот на градот Треб каде е инцидентот, притоа без да прецизира дали станува збор за повредени или убиени.

 

Министерството за внатрешни работи го потврдило инцидентот, а полицијата ги информира граѓаните да не одат во близина на супермаркетот.

 

Францускиот главен обвинител изјави дека заложничката криза ја третира како терористички напад.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien