Здружението на новинари на Русија ја оспорува одлуката против Слуцки

Руското Здружение на новинари ја оспорува одлуката на етичката комисија на државната Дума, според која пратеникот Леонид Слуцки е ослободен од обвинението дека сексуално вознемирувал новинарки.

 

„Рускиот синдикат на новинари секогаш ги бранел и секогаш ќе ги брани сите кои професионално ја извршуваат својата должност, без оглед дали тоа (вознемирувањето) се случило во воена зона или во кабинет за време на интервју“, се наведува во соопштението на Здружението на новинари на Русија.

 

Во соопштението се истакнува и дека сите притисоци врз новинари за време на нивната работа се неприфатливи, додавајќи оти постои „деликатна рамнотежа во личната комуникација помеѓу новинарките и политичарите“.

 

Претходно, четири новинарки го обвинија Слуцки за несоодветно сексуално однесување, непристојни сексуални коментари и допири, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го обвини за сексуално вознемирување.

 

Слуцки (50) тогаш обвиненијата ги нарече „ефтини и ниски провокации“ во политички цели нарачани од неговите непријатели. Тој тврдеше и дека скандалот го подигнал наместо да го урниса неговиот углед.

 

Но, по повод Меѓународниот ден на жената, Слуцки првпат се извини.

 

„Сакам да им се извинам на оние кои свесно или несвесно сум ги вознемирил. Верувајте ми, ништо лошо не мислев“, напиша Слуцки на Фејсбук.

 

Слуцки е пратеник од Либерално демократската партија и до сега имаше голема поддршка од колегите, вклучително и партискиот лидер Владимир Жирновски, кој за жените што го обвинија Слуцки изјави дека „постапиле по наредби од Запад“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien