Шарлот го прегази Мемфис со 61 поен разлика

Шарлот со неверојатни 61 поен разлика го победи Мемфис со резултат 140-79, нанесувајќи му го еден од највисоките порази кои некој тим ги забележал во историјата на НБА.

 

Дебаклот беше најавен уште во првата четвртина која Шарлот ја доби со 37:14, а посебно моќни беа и во третиот период кој го добија со 37:15. На крајот дојдоа до својата најубедлива победа во историјата, по онаа против Филаделфија од 1992 година кога триумфираа со 52 коша разлика.

 

Неверојатен меч имаше Кемба Вокер кој постигна 46 поени за само 28 минути игра. Тоа е најбрзиот склучај со 45 поени или повеќе откако се користи часовникот за напад од сезоната 1954-55. Постигна десет тројки во тој период, со што го урна сопствениот рекорд во Хорнетси.

 

Покрај вчерашниот меч, само уште пет пати се случило некој тим да победи со 60 или повеќе разлика на еден НБА натпревар. Рекордната победа во 1991 година ја забележал Кливленд над Мајами со 68 поени разлика и резултат 148:80. Потоа следуваат Индијана против Портланд 124:59 во 1998 година и Голден Стејт против Сакраменто 153:91 во 1991 година.

 

Екипата на Мемфис настапи без неколку првотимци, како Мајк Конли и Марк Гасол, а меѓу оние кои не играа беше и Двајт Хауард, кој претходната вечер во натпреварот и победата против Бруклин, имаше историски учинок од 32 поени и 30 скока.

 

 

Необично беше и на натпреварот помеѓу Њу Орлеанс и Лос Анџелес Лејкерс на кој во првата четвртина беа постигнати неверојатни 84 поени, 40:44. На крајот мечот го добија домаќините со 128:125.

 

Резултати:
Шарлот – Мемфис 140:79
Орландо – Филаделфија 98:118
Хјустон – Детроит 100:96
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 128:125
Далас – Јута 112:119
Сакраменто – Атланта 105:90

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien