Во Австрија нема толеранција кон радикалното размислување и политичкиот ислам, изјави канцеларот Себастијан Курц.
„ Во нашата држава постои слобода на вероисповед и секој треба да ја практикува својата вера, но нема толеранција кон радикалниот и политичкиот ислам“, нагласи Курц. Тој потенцираше дека во Австрија од 1912 година исламот е призната вера.
Вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе оцени дека исламот не е дел од Австрија.
„Не, исламот не е дел од Австрија. Во централна Европа имаме христијанско-еврејско обележје. Но, граѓаните од исламски вероисповед денес се дел од општеството“, изјави Штрахе за австриските медиуми по повод 100 дена од работата на новата Влада.