Агуеро: Во 2020 се враќам во Индепендиенте

Напаѓачот на Аргентина и Манчестер Сити, 29-годишниот Серхио Агуеро, најави дека по завршувањето на договорот со англискиот клуб во 2020 година ќе се врати во својата татковина, поточно во матичниот клуб Индепедиенте.

 

Агуеро кариерата ја започна во Индепендиенте во 1997. година, а таму играше девет години, пред да премине во Атлетико Мадрид.

 

„Договор со Сити имам до 2020. година. Овде доживеав многу убави моменти во кариерата, но мислам дека е време да ставам крај. Кога ќе ми заврши соработката со Манчестер, ќе се вратам дома во Индепендиенте“, кажа Агуеро.

 

Аргентинецот ја игра својата седма сезона на „Итихад“, а му помогна на тимот да освои две титули во Премиерлигата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien