Раководството на Милан се договориле за продолжување на соработката и нов договор со поранешниот играч од средниот ред и легенда на клубот, Џенаро Гатузо.
Популарниот Рино се согласил за нов договор кој ќе трае три години, вели „Кориере Дело Спорт“.
Гатузо моментално е со договорот кој го имаше во младинскиот тим и заработува само 120.000 евра годишно, а според новиот договор ќе заработува 2 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Светскиот шампион со Италија од Светскиот куп 2006 го смени Винченцо Монтела кон крајот на ноември и ги стабилизираше резултатите во првенството на Италија.
40-годишниот Гатузо го однесе тимот во финалето на италијанскиот куп каде што ќе игра против Јувентус на 9-ти мај, а Милан е само пет поени далеку од Лигата на шампионите.