Каталонскиот парламент денеска усвои симболична уредба со која му се дава право на поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон право повторно да биде избран за претседател на Каталонија, иако е во притвор и му се заканува судење.
Уредбата ја донесоа партиите што се залагаат за независност на Каталонија кои имаат мнозинство во Парламентот.
Шпанските власти поретходно соопштија дека ниту еден кандидат кој има законски проблеми не може да стане претседател на Каталонија.
Суд во германскиот град Нојминстер одлучи вчера да го продолжи притворот за Пуџдемон додека додека виша судска инстанца не одлучи за шпанското барање за негова екстрадиција.