Косовските власти со предупредување за апсење за Српска листа доколку формираат ЗСО

Facebook
Twitter
Email
Print

По одлуката на Српска листа да излезе од Владата и да формираат Заедница на српски општини (ЗСО) од Приштина пристигна предупредување за апсење.

Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај предупреди дека ќе бидат уапсени членовите на Српска листа доколку формираат Заедница на српски општини во земјата.

 

„Можат да бидат приведени во моментот кога ќе бидат против законите и Уставот на Косово“, изјави Лекај.

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ вчера по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, најави дека партијата излегува од Владата и оти 10 мнозински српски општини во Косово ќе бидат формирани на 20 април.

Ѓуриќ, во понеделникот беше уапсен во Косовска Митровица, бидејќи, според Приштина, илегално влегол во Косово. За време на интервенцијата на специјалните сили на косовската полиција, 32 лица беа повредени. Ѓуриќ по инцидентот е протеран од Косово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи