Скрипал бил отруен во неговиот дом

Британската полиција вчера соопшти дека верува дека поранешниот двократен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија првпат дошле во контакт со нервниот агенс со кој се отруени на влезната врата од својата куќа.

 

„На влезната врата на куќата на Скрипал идентификувавме најголема концентрација на нервиот агенс досега“, се наведува во соопштението на Скотланд јард.

 

Најновото откритие во истрагата е значајно бидејќи полицијата за првпат дава каква било информација околу тоа каде бил отруен Скрипал кој сѐ уште се наоѓа во критична состојба.

 

Внуката на Скрипал, Викторија изјави дека прогнозата за нивното преживување е многу мала.

 

„Имам можеби еден отсто надеж. Што и да им е дадено, тоа било нешто од што има многу малку шанси да се преживее“, рекла Викторија за Би-би-си.

 

Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери, а поради случајот беа протерани околу 150 руски дипломати од 30 земји и НАТО.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien