Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, синоќа изедначи еден од најимпресивните рекорди во историјата на спортот што го постави легендарниот Мајкл Џордан.
Џејмс на 866-тиот натпревар по ред постигна најмалку 10 поени.
На натпреварот против Шарлот Хорнетс, екипа што всушнот сега е во сопственост на Џордан, Џејмс постигна 41 поен, со што ги предводеше Кливленд Кавалирс до победа од 118:105.
„Среќен сум што 866 натпревари во низа успеав да ги завршам со двоцифрен број на поени. Тоа кажува дека мојата форма е константна. Сè додека моето име се споменува со она на Џордан, тогаш значи дека мојата напорна работа се исплати и посакувам така да биде и во иднина. Но, колку и да соборувам рекорди се знае кој е најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан“, вели Леброн.
Џордан ја водеше неговата низа од 1986 до 2001 година.