„На влезната врата на куќата на Скрипал идентификувавме најголема концентрација на нервиот агенс досега“, се наведува во соопштението на Скотланд јард.
Најновото откритие во истрагата е значајно бидејќи полицијата за првпат дава каква било информација околу тоа каде бил отруен Скрипал кој сѐ уште се наоѓа во критична состојба.
Внуката на Скрипал, Викторија изјави дека прогнозата за нивното преживување е многу мала.
„Имам можеби еден отсто надеж. Што и да им е дадено, тоа било нешто од што има многу малку шанси да се преживее“, рекла Викторија за Би-би-си.
Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери, а поради случајот беа протерани околу 150 руски дипломати од 30 земји и НАТО.
117