Дибала во Атлетико за сума од 150 милиони евра!?

Брзо одекна веста во шпанските и италијанските медиуми за можниот договор помеѓу Пауло Дибала и Атлетико Мадрид и можен трансфер на Аргентинецот на Ванда Метрополитано вреден 150 милиони евра.

 

Според информациите за да се оствари овој трансфер првин треба напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман да се пресели во Барселона. Дибала би потпишал петгодишен договор и неговите примањата би биле повисоки од моменталните во Јувентус, и тој би заработувал годишно повеќе од 10 милини евра.

 

Во насока за потврда на оваа информација говори и веста дека Аргентинецот кој во 2015 година пристигна во Јуве од редовите на Палермо, бил виден на вечера со стратегот на Атлетико, Диего Симоне.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien