Папата Франциско на Велики четврток служеше миса во затвор каде што им ги изми нозете на дванаесетмина затвореници, меѓу кои биле и двајца муслимани, еден православен и еден будист.
По кратката средба со болните затвореници, папата попладнето предводел миса и им ги миел нозете на затвореници од седум земји во римскиот затвор Реџина Коели.
„Секој има право да го промени својот живот и да не биде жртва на осуда“, нагласил папата, кој истакнал и дека себеси се смета за „грешник“.
Според христијанската традиција, на Велики четврток се обновуваат спомените на денот кога Исус им ги миел нозете на апостолите.
„За мене проповед е одење во Црква и посета на болните, посета во затворите, како и давање надеж на истите“, објаснил папатата.
115