Трамп: Наскоро се повлекуваме од Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на САД, Донал Трамп изјави дека американската војска ќе се повлече од Сирија бидејќи Исламска држава е поразена.

 

„Ја разбивме ИСИС. Наскоро ќе се повлечеме од Сирија. Другите нека се грижат сега за тоа. Ќе се вратиме во нашата земја, каде што припаѓаме, каде што сакаме да бидеме“,  изјави Трамп пред поддржувачите во Охајо.

 

Валвата изјава на Трамп уследи само неколку часа откако портапролката на Пентагон, Дејна Вајт порача дека во Сирија „останува да се заврши уште многу работа, за да може да се гарантира дека екстремистите се трајно уништени“.

 

Претходно Пентагон објави дека во Сирија има околу 2.000 американски војници.

 

Си-ен-ен објави дека неименуван американски официјален претставник за одбрана, кој е директно запознаен со кампањата на ИСИС, рекол дека е нејасно што мислел претседателот со овие изјави. Според него, сегашната проценка на војската е дека не е време да се разгледува повлекување од Сирија.

 

Војната во Сирија трае од март 2011 година. САД и меѓународната коалиција од 2014 година спроведуваат операција против ИД без согласност на сириската влада. Русија изведува операции против исламистите од септември 2015 година по барање на официјален Дамаск.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи