Америка воведува санкции против руските олигарси

САД планираат да воведат нови санкции за Русија со кои ќе бидат опфатени милијардери кои се поврзани со рускиот претседател Владимир Путин. Ројтерс и Вашингтон Пост цитираа претставници на американските власти кои посочиле дека санкциите се одговор на наводното мешање на Москва во претседателските избори во САД во 2016 година.

 

Се очекува новите мерки да бидат објавени веќе во текот на денешниот ден, дознава британската новинска агенција „Ројтерс“ која што се повикува на извори од расправата во Белата куќа за воведување на нови санкции против Русија.

 

Според нив, на листата ќе се најдат Алексеј Милер, кој е директор на рускиот нафтен гигант Газпром и Игор Сечин, кој е директор во државниот нафтен гигант Роснефт.

 

Тоа би можело да биде најагресивниот потег на САД против руската бизнис елита, откако минатиот месец САД воведоа санкции против 19 руски државјани и 5 руски организации, вклучувајќи ги руските разузнавачки служби, сето тоа поради мешањето во претседателските избори во 2016-та година, како и поради сајбер нападите.

 

Санкциите до олигарсите би можеле да ги погодат и најблиските луѓе до рускиот претседател Владимир Путин, а намерата на Вашингтон е да ја повикаат Москва на одговорност поради наводното мешање во претседателските избори во 2016-та, нешто што руските власти категорично го негираат.

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков запрашан за санкциите посочи дека ситуацијата е комплицирана и многу тензична. Според него, земјата официјално ќе реагира кога ќе бидат преземени новите санкции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien