Турската разузнавачка служба MİT заробила 80 турски државјани за врски со движењето на Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД и посочен од Анкара за организатор на неуспешниот обид за државен удар од 2016 година. Ова го објави вицепремиерот Бекир Боздаг, цитиран од агенцијата Анадолија.
Во интервју за „ХаберТурк“ тој не прецизираше кои се земјите, но рече дека MİT нанел „голем удар на „ФЕТО“ преку надворешните операции“, пишува агенцијата. Со кратенката FETÖ усвоен во светските медиуми како „ФЕТО“, Турција го означува движењето на Ѓулен.
Боздаг не споменува кои земји се засегнати. Според „Хуриет дејли њуз“ сепак досегашни информации, непотврдени од властите, покажуваат дека такви операции имало и во Судан, Пакистан и Авганистан.
Меѓу засегнатите земји е и Косово, што стана повод за коментарите на Боздаг. Тензиите меѓу Приштина и Анкара пораснаа откако косовските слубжи предадоа шестмина турски граѓани на Турција поради поврзаност со Ѓулен, без знаење на премиерот Рамуш Харадинај.
Во одговор, последниот го разреши министерот за внатрешни работи и шефот на разузнавањето и го предизвика гневот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој го обвини дека поддржува „терористи“.