Денеска во спортската сала на ООУ „Братство“ од Скопје се одржа џудо семинар на кој што учествуваа над 100 џудисти од 8 клубови од Македонија и тоа џудо клубовите : „Работнички“, „Ипон“, „Супер Џудо“, „Кастриоти“, „Сеишин“, „Бушидо“, „Пролетер“ и Џ.К.„Чурин“.
Семинарот го одржа господинот Калед Шолдери 5 дан од Англија.
Овој семинар е на еден начин продолжување на заедничките тренинзи и размената на искуства помеѓу џудо клубовите, нешто што започна во Прилеп минатиот месец, кога се одржаа два заеднички тренинзи на џудо клубовите „Бушидо“, „Сеишин“, „Ипон“, „Пролетер“ и „Кожувчанка“.
Џудистите велат дека главната цел на овие семинари и заеднички тренинзи била младите спортисти да се запознаат и да се дружат со крајна цел покрај дружбата да разменат и свои искуства и знаења.
Велат дека вакви тренинзи било потребно да се има се почесто, за да џудистите собират што е можно повеќе знаења и искуство кое пак понатаму ќе го употребат на меѓународните турнири и купови.