Коми: Трамп е опасен и морално неподобен за претседател на САД

Поранешниот директор на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во интервју за “ABC News” во неделата изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е опасен, морално неподобен да биде претседател и кој што прави огромни штети на институционалните и културните норми.

 

„Нашиот претседател мора да биде отелотворение на почит и да ги следи вредностите што се во сржта на оваа земја. Од нив најважна е вистината. Овој претседател не е кадарен за тоа“, рече Коми.

 

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради неговото однесување во истрагата во врска со можната поврзаност на изборниот штаб на Трамп со Русија.

 

За време на интервјуто, Коми го повтори своето тврдење дека Трамп му рекол дека очекува лојалност и го притискал да ја отфрли истрагата за Мајкл Флин. Поранешниот советник за национална безбедност подоцна се изјасни за виновен дека го лажел ФБИ и сега соработува со специјалниот советник.

 

На прашањето, што ќе значи “ако претседателот Трамп се обиде да го отпушти Роберт Милер, специјалниот обвинител кој води истрага за руското влијание врз исходот од претседателските избори во 2016, Коми рече:

 

„Тоа, се надевам, ќе активира аларм, дека ова е неговиот најсериозен напад врз владеењето на правото. Тоа би било нешто што оди многу подалеку од нормална борба за политика. Тоа ќе остане како вечен срам за обете партии ако не можат да го гледаат тоа од повисоко ниво и да го заштитат“, рече Коми.

 

Џејмс Коми ги објави мемоарите „Највисоко ниво на лојалност: Вистина, лаги и лидерство“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien