Макрон: ЕУ да не прима нови членки додека не се спроведат реформи

Facebook
Twitter
Email
Print

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија не треба да прима нови членки додека не се продлабочи интеграцијата и не бидат спроведени потребните реформи.

 

Во говор во Европскиот парламент, Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство се уште не е дојдено“.

 

„Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа“, потенцира Макрон.

 

Макрон истакна дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, но во услови на тешко функционирање на ЕУ, како што наведе, за сите земји треба да важат истите правила.

 

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи