Меѓународните инспектори за хемиско оружје добија дозвола за влез во Дума

Facebook
Twitter
Email
Print

Инспекторите за хемиско оружје во Сирија  добија пристап до наводната локација каде беше извршен хемиски напад. Тимот е во земјата од саботата, но до денеска му беше забранет влезот  во Дума.

 

Инспекторите пристигнуваат на местото, 11 дена по нападот. Тие треба да земат примероци од  почвата и други остатоци кои треба да им помогнат да ги идентификуваат  сите хемикалии кои биле  користени во нападот.

 

Американскиот амбасадор Кенет Вард на состанокот на Организацијата за Забрана за употреба на хемиско оружје изрази сомневање дека  руските сили можеби се обидуваат да ги отстранат доказите, што е и причина поради која не се дозволува влез на истражителиите.

 

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги негираше ваквите обвинувања. Тој за Би Би Си рече дека доказите за хемискиот напад биле “базирани на медиумски извештаи и социјални медиуми”.

 

Нападот на 7 април предизвика бомбашки напади врз сириската влада една недела подоцна од страна на САД, Франција и Велика Британија. Сирија негира дека имало каков било хемиски напад во градот, а Русија ги обвини САД дека го измислиле и исценирале хемискиот напад.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи