Земјотрес со интензитет од 5,9 по Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната иранска провинција Бупшер. Епицентарот беше кај градот Каки, релативно блиску до единствената функционална нуклеарна централа во Иран, Бушехре.
Американската геолошка служба УСГС наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, што е добро имајќи предвид дека „поплитките“ земјотреси обично предизвикуваат голема штета.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени луѓе.
Потресот ги зафати и Бахреин и други региони околу Персискиот Залив. Се почувствувал и во Катар, а луѓе биле евакуирани од повисоките згради во Доха.