„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска, ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира, само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера, ништо не ја ништи таа трева“
Ова е извадок од романот Пиреј на Петре М. Андреевски издаден во далечната 1980 година. Утре со почеток во 20 часот, 38 години потоа народниот тетар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ќе ја постави премирата на претставата „Пиреј“ работена по овој роман, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Драматург е Ивана Нелковска.
Режисерот Ѓоргиевски истканува дека романот обработува едно многу турболентно време, тоа е времето пред балканските војни, самите балкански војни, Првата Светска војна и непосредно после Првата Светска војна. Време кога на овие простори се измешале многу војски и се измешале многу интереси.
„И знаете како резултираа тие војни во однос на овој простор и во однос на овој народ. Македонецот заробен од една страна од својата сиромаштија, немаштија, глад, болест, неукост итн., а од друга страна од големите апетити на околните држави, некако се најде во една многу небрана ситуација и сите тие околности се прекршија врз обичниот човек. Точно тоа време, таа турболентност можеби беше повод да се зафатам со оваа тема, затоа што наједноставно речено денешните околности во кои живееме многу потсетуваат на тие околности пред повеќе од 100 години. Сè уште ние треба да го докажуваме својот идентитет, сè уште треба да ја докажуваме својата државност. За жал тоа се случува повеќе од 100 години. Тоа беше вака наједноставен повод да се зафатам со овој проблем. Не знам дали ќе опстоиме вака, или ќе мора да опстојуваме на друг начин, на друго ниво, во театар, на сцена, во литература, во песни, или воопшто во уметноста. Тоа е основната причина“, велии Ѓорѓиевски.
Инаку ова прв проект на театарот за 2018 година и втора негова премиера по претставата за деца „Дороти се враќа во Оз“. Станува збор за ансамбл претстава каде на сцена има 28 актери. Раководителот на театарот Стојан Дамчески истакна дека како и во многу претходни претстави, така и во оваа прилепскиот театар уште еднаш покажал дека може да подготвии прекрасна претстава иако за тоа добива премалку пари од државата.
„Да не ја кажам ситуацијата во другите театри, дека за моно драма или дуо драма добиваат средства колку што ние добиваме за една ваква претстава, да не кажувам за Клетници или за друга. Значи дрскоста наша е дека кај нас ретко има од оние што ги прават тие камерни претстави по двајца или тројца, но и овој пат немавме буџет. Ги немавме тие финансиски можности, но правиме напори, си ги пуштаме нозете повеќе од што ни е долга чергата, иако народот велчи дека треба да си ги пуштиш колку што ти е долга чергата, но ние сакаме да имаме предизвик. Издржуваме и опстојуваме на таков начин. Само тој е правиот пат да се стигне до некаков успех, ако се поведиш на она дека толку имам и само тоа ќе го направам… Инаку во оваа ситуација, со оваа финансиска конструкција, мислам не само за оваа претстава, секогаш наназад ние сме биле третирани финансиски многу послабо во поглед на некои други претстави што ги прават во некои други театри, меѓутоа во тој случај ние требаше да правиме овде дуо драма, не треба 40 костими, не требаат 28 учесници, ќе поминеме така. Меѓутоа велам дека од проект во проект благодарение на нашата публика, посетеноста, мора да бидеме задоволни, иако нашиот град не е Скопје или Битола. Со посетеноста успеваме некои трошоци да ги покриваме и преку тој сегмент да се надоградуваме. Но и нашите соработници јавно кажувам дека не ги добиаат тие хонорари кои ги добиваат во другите театри. Да речеме за една ваква улога, било каде, во било кој театар сигурно дупло ќе добиеше хонорар ликот кој го толкува еден од двете главни улоги“, истакна Дамчески.
Актерите се надеваат дека оваа претстава ќе се прикажува долги години и дека само љубовта, а не материјалната корист бииле тие кои што им давале мотив да работат, не само оваа претстава туку и за сиите претходни. Токму затоа и успехот на прилепскиот тетар биил таков каков што е.
„Искрено затоа што сите сме овде дојдени за да го направиме проектот, а не за да заработиме. И тоа е добро само за уметноста. Ако нема уметност, тогаш џабе ни се и згради и театри. Се разбира дека сè е точно ова што го кажа и го поздравувам потегот на институцијата секогаш да се прават вакви работи, затоа што тоа е уствари пирејот кој ни недостасува. Секој народ мисли дека е пиреј за себе, ние сме себични за нас мислиме дека сме пиреј, сите го мислат тоа да не се лажеме. Секој народ, секоја нација за себе мисли дека е пиреј затоа што опстанала. И во однос на тоа многу ми е драго што правиме претстава што се занимава со човечките односи и човечките судбини. Ако нешто единствено неискоренето во човештовото, во светот, на земјава е само љубовта. Сето друго се искоренува, се видоизменува, само љубовта не. Она што останува дали на овој или на оној свет е само љубов, и само тогаш вреди да се живее“, изјави Александар Степанулески, актер
„Романот се чита во еден здив, претпоставувам и претставата ќе се гледа во еден здив, затоа што е наша. Тоа што го кажа режисерот, зборовите што ги напишал Петре како да се наши и во ниту еден момент не се почуствувавме непријатно, во ниедна од репликите, во ниедна од сцените. Толку се излегуваше природно на сцена и веднаш си сигурен дека тука нема грешка. Се надевам дека претставата ќе има долг век, тоа е најголема желба за нас актерите“, истакна Марија Спиркоска, Илијеска, актер.
„Во романов има реченица, „Војводо што правиме со Македонија. Македонија е долга и широка и за Македонија одговор сега нема.“ Оваа актуелност да се пишува во 80-тите години било и дрскост и голема храброст во тоа време во кое сме живееле во друга држава. Меѓутоа тој проблем е вечен, Петре одлично го опишал во својот роман и како што рече режисерот стана библија за македонскиот народ, за нерешените прашања. Меѓутоа внатре да не го заборавиме обичниот човек. Животот на обичниот човек. Сите тие војски, сите тие тркала кои газеле по оваа земја, која ја парчеле, што станува со обичниот човек, каде е? Тој е тука, опстанува со претставата, преку љубовта, преку надежта, останува и понатаму“, кажа Трајче Иваноски, актер.
„Пред малку колегата Степанулески спомна љубов. Ох љубов голема, театар. Ако не беше таа љубов кон театарот денеска немаше овде да бидеме, што би рекол Трајче, времето наше е пиреј. 53 години сме со него на сцената. Ако немало љубов, немаше да не биди“, додаде Димитар Вандески, актер.