На вонредното Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), кое беше свикано по инцијатива на 12 џудо клубови или 1/2 од клубовите и се одржа во Прилеп на досегашниот претседател Филип Иванов му беше изгласана недовреба, а за нов прв човек на Федерацијата е избран Зеглул Реџепи.
Освен тоа, избрани се нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор. На Собранието присуствуваа 24 клуба.
Иницијативниот одбор го свикал вонредното Собрание со образложение дека имало прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини.