„Ел Класико“ и судијата Ернандез се главна тема во Шпанија. Барселона и Реал Мадрид одиграа 2-2, но мечот беше исполнет со многу грешки, како на главниот судија, така и на неговите помошници.
Ел Мундо Депортиво го осуди вчерашното издание како „Најлошто судење во поновата историја на Ел Класико“.
„Судиите знаат да направат неколку грешки во повеќе натпревари. Но Хернандез, Хернандез ги направи сите во еден и тоа во оној кој го гледаат милијарда луѓе. Во овој натпревар влезе со репутацијата на најдобар шпански судија, а го заврши како апсолутно најлошиот. Накратко тоа беше колекција на апсурдни одлуки кои засекогаш ќе ја обележат кариерата на Хернандез и неговите помошници како најлошите во едно „Ел Класико“, стои во такстот на „Мундо“.
Марсело и Луис Суарес јавно ги признаа неговите грешки по натпреварот.
„Не знам зашто Сержи Роберто доби црвен картон. Едвај ме допре по лицето”, изјави бразилскиот репрезентативец кој падна како да го погодиле со снајпер.
„Варан рекламираше фаул? Да, имаше фаул од моја страна”, рече Суарес.
Покрај овие две спорни ситуации, имаше и уште неколку други како стартот на Бејл врз Умтити, за кој според многумина требаше да добие и црвен картон, а не доби ни жолт, како и фаулот на Алба врз Марсело во шеснаесетникот на Барселона, кога Реал требаше да добие пенал.
Најголем грев во моментов во шпанскиот фудбал е тоа што во Ла Лига играат најдобрите клубови и фудбалери во светот, а судат најлошите арбитри.