И годинава аутдор фестивалот MARIOVO OFF ROAD EXPERIENCE по 7-ми пат ја понуди најдобрата забава и уживање во еден од недопрените предели Македонија. Над 200 учесници од цела држава учествуваа во денешните 2 тури на планински велосипедизам долги 50 и 30 км. Учесниците посетија голем дел од уникатните убавини на овој крај, како што се селата Бешиште, Градешница, Старавина, Зович, Манастир. Вечерва во кампот кај манастирот Свети Илија во село Мелница концерт ќе одржии Јајов Дренковски. Утре пшак учесниците MARIOVO OFF ROAD EXPERIENCE ќе може планинарат и да го посетат врвот Висока, каде според некои претпоставки се наоѓаат тврдините од изгубениот град Пелагонија. Погледнете ја атмосферата од денешниот прв ден од фестивалот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА