Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалето на Запад, откако ноќеска на теренот на Хјустон победија со 119:106.
Кевин Дјурант со 37 поени и Клеј Томпсон со 28 беа предводници до победата, која Г.Стејт ја обезбеди во вториот дел откако на полувреме беше 56:56. Покрај овие двајца Стеф Кари уфрли 18 поени, запиша шест скокови и додаде осум асистенции, а Дрејмод Грин пет поени, девет скокови и една асистанција.
На Хјустон не му помогна ниту одличниот настап на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 41 поен, четири скока и седум асистенции. Зад Харден следуваше Крис Пол со 23 поени и 11 скокови, па Ерик Гордон со 15 поени и пет скокови и Клинт Капел со 12 поени и шест украдени топки.