Нов формат на Светското клупско првенство од 2021 година

Facebook
Twitter
Email
Print

ФИФА го престави форматот на новото Светско клупско првенство, кое би започнало со организација од 2021 година. Турнирот би се организирал на 4 години и би траел 18 дена.

 

Поради новиот формат на Светското клупско првенство, челниците на ФИФА и УЕФА планираат да ги укинат актуелните формати на Купот на Конфедерации и Светското клупско првенство.

 

На новиот турнир, ќе учествуваат 24 клубови од сите континенти и ќе бидат поделени во осум групи. На истиот учество би земале 12 екипи од Европа, четири од Јужна Америка, додека Азија, Африка и Северна Америка би дале по два тима. Засега не се знае дали можеби Океанија ќе добие еден претставник или можеби најдобриот тим од овој регион би играл бараж со петтиот од Јужна Америка, додека последниот учесник би бил домаќинот на турнирот.

 

Засега нема точни критериуми како би се бирале учесниците, но со оглед на фактот дека од Европа ќе доаѓаат речиси половина од учесниците, неофицијално тоа би биле последните четири освојувачи на Лигата на шампиони, четворицата последни финалисти и уште четири екипи со најдобар коефициент според УЕФА.

 

Оваа идеја ќе привлече огромно внимание, па нормално е дека парите се првичната причина за имплементирање на истата. Се очекува турнирот да има поголема вредност и од Мундијалот.

 

Поголемиот дел од европските гиганти ја прифатиле понудата на ФИФА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи