Вулканот Килауеа на Хаваите повторно еруптираше, а исфрлениот пепел достигнал висина од 9 километри.
Локалните медиуми јавија дека на исфрлањето на правта и пепелта и предходела силна експлозија. До експлозијата доаѓа по две недели вулканска активност и отворањето на 10 помали кратери кои исфрлаа лава. Уништени се најмалку 26 куќи.
Експлозијата траела само неколку минути, а концентрацијата на пепел била мала, рекол геофизичарот Мајк Поланд.
Кратерот на вулканот се наоѓа во националниот парк Хавајски Вулкан, кој е затворен од 11 мај поради опасност од посилна ерупција. Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот.