Археолошкиот локалитет Стибера кај Прилеп уште се нарекува и Македонската Помпеја. Според бројот на ефеби ( ученици ) кои учеле во гимназионот Стибера броела околу 20.000 жители, што во денешни рамки би било еквивалент на голема метропола.
Градот постоел од 3.век п.н.е. па до 4 од н.е. и тоа е еден уникатен антички град кој допрва чека да биде откриен.
Но за жал од градот не се откриени ниту 5 проценти. Највредното нешто би било пронаоѓањето на некрополата. Во Стибера досега се откриени 30-тина мермерни скулптури. Иако Стибера е на ранг на Хераклеа, Стоби или Скупи, таа е запоставена во однос на нив и за нејзино истражување годишно се одделуваат малку пари.
Под овие ридови се наоѓаат театар, храмови и други импозантни објекти кои допрва се чека да бидат откриени. Стибера со својата мистика и понатаму ќе продолжи да ги привлекува археолозите, туристите, но и дивите копачи.