ВИДЕО – Семинар и лиценцирање на џудо тренери и судии во Прилеп

Во спортската сала на СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп денеска се одржа семинар и лиценцирање на тренери и судии во состав на џудо федерацијата на Македонија, кој што се неопходни припреми за пред државните, балканските и европските првенства. Според претседателот на џудо федерациијата на Македонија Зеглул Реџепи овие лиценцирања се случуваат најмалку еднаш годишно, а може и два пати во зависност од потребите за обука на тренерите и судиите или во зависност од тоа како наложуваат новите правила од европската и светската џудо федерација.

 

 

„Семинарот се состои во два дела, првиот дел ќе биде теоретски дел кој го одржува универзитетскиот професор Жарко Костовски кој што е член на таа комисиија за обука и лиценцирање на тренери и во делот на судиите Б лиценциран Ај Џи Еф судија е Томе од Прилеп кој го одржува семинарот и лиценцирањето за судиите“, истакна Реџепи.

 

Инаку џудото како спорт било најпопуларен во Прилеп, потоа Скопје, но започнале и другите градови да се занимаваат со него како Велес, Куманово, Ресен, Битола, Струга. Во континуитет се зголемувала популарноста на џудото. Пред 2-3 години исто така се започнало со добро претставување на државата на меѓународна сцена, како што се европските купови, европските првенства и учеството на олимписките игри.

 

„Пред 2 недели во Прилеп бев избран за нов претседател на џудо федерацијата заедно со поддржувачите имаме стратегија и план за развој на џудото во соработка со околните земјим со кои граничиме. Планираме зголемена соработка со Балканската и Европската федерација. Одржување на меѓународни кампови, семинари и слично. Медиумите секако тука ќе играат главна улога во развојот и подигнувањето на авторитетот на џудото во Македонија. Имаме визија, имаме планови, чекаме само на време. Соработките ни се убави со сите институции како што се Агенцијата за млади и спорт, МОК, Балканската, Европската и Светкса федерација, само треба добра желба за работа ии одење напред. Верувам во екипата што е составена во однос на комисиите и работните тела на федерацијата“, изјави Зеглул Реџепи, претседател на џудо федерација на Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи