Арсенал му посака добредојде на Унаи Емери!

Facebook
Twitter
Email
Print

Арсенал го претстави новиот предводник на тимот и наследник на Арсен Венгер – Унаи Емери.

 

Шпанецот потпишал двегодишен договор со „топчиите“, а неговата цел ќе биде да ја почне новата ера, по заминувањето на Арсен Венгер. Извршниот директор, Иван Газидис, со комплименти соопшти дека Емери бил едногласно решение за нивната иднина.

 

„Унаи има фантастична кариера со успеси, а има развиено и некои од најголемите европски таленти. Тој игра возбудлив и прогресивен стил на фудбал, кој му одговара на Арсенал перфектно. Неговата напорна работна и пасионираниот пристап, како и чувството за вредности на и надвор од теренот го прават идеална личност за да го носи Арсенал напред“, вели Газидис.

 

Иако фаворити за оваа функција беа Микел Артета и Луис Енрике, решението падна на Емери. Наводно, првите двајца не сакале да имаат врзани раце, зашто условите на клубот биле такви што тренерот нема решавачки глас за трансферите. Емери, сепак, се согласил, доаѓајќи од не толку успешната авантура во ПСЖ.

 

„Возбуден сум што ја добивам одговорноста да го почнам ова ново поглавје во историјата на Арсенал. Пресреќен сум што ќе се приклучувам на еден од најголемите клубови во овој спорт. Арсенал е познат и сакан насекаде низ светот за неговиот стил на игра, за посветеноста кон млади играчи, фантастичниот стадион и за начинот на кој клубот е воден. Возбуден сум за тоа што можеме да го направиме заедно и веќе гледам во напред кон иднината, кон шансата да им дадам на сите кои го сакаат Арсенал посебни спомени“, изјави Емери.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи