Археолошката поставка во Заводот и музеј Прилеп е отворена во 1961 година. Денешниот изглед поставката го добива со реновирањето во 2011 година. Поставката започнува со неолитот, енеолитот, бронзено и железно време, античкото македонско кралство, римската империја и завршува со рана и доцна Византија.
Алати, покуќнина, оружје, монети, скулптури, жртвенци се дел од богатата поставка, која потекнува од праисторијата, па се до средниот век. Предметите постојано се заменуваат со оние поатрактивни кои потекнуваат од новите истражувања на терен.
Еден од највредните експонати тука е жртвеникот од новото камено време, стар околу 6.000 година. Пронајден е на локалитетот „Врбјанска Чука“ кај селото Славеј.
Тука се и малите жртвеници во форма на куќи. Сензационално откритие – 3-те антички штитови на кои е напишано името на македонскиот антички крал Деметриј 1, кој живеел на преминот од 4 во 3 век п.н.е. Импозантна е поставката од предметите пронајдени на локалитетот Стибера.
Овој историски времеплов навистина вреди да се погледне.