Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, денеска се одржа државното првенство во џудо за помлади пионери и кадети. На првенството учествуваа 18 клубови со повеќе од 200 натпреварувачи. Државното првенство беше во техничка организација на џудо клубот „Сешин“ од Прилеп и Џудо федерацијата на Македонија.
„Денешното првенство претставува филтер за селектирање на џудо репрезентацијата на Македонија, која ќе нѐ претставува на претстојното Балканското првенство, но и на други меѓународни натпревари. На државното првенство учествуваат 18 екипи, со над 200 натпреварувачи“, изјави претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зеглул Реџепи.