Викендов на Попова Шапка од 24 до 27 мај се одржа меѓународниот параглајдинг натпревар во прелети поддржан од воздухопловната федерација на Македонија и Светската воздухопловна федерација. Организатор на настанот беше параглајдинг клубот „Љуботен“ од Тетово.
Во конкуренција од 40-тина пилоти од Бугарија, Косово, Грција, Македонија, Словенија, Германија и Турција браќата Мартин и Борјан Јованоски без конкуренција го освоија 1 и 2 место. Со тоа се докажува дека параглајдинг клубот Делта од Прилеп е водечки клуб во овој спорт кај нас.
Третото место го освои Дарко Станкоски од „Аквила“, Велес.
132