ВИДЕО – Премиера на три едночинки од Чехов на актерите од „Чин 4 Сцена 5“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ сцена 5 од Прилеп уште еднаш докажа дека може да прави маестрални претстави. Синоќа  во киното Мис Стон во Прилеп беше прикажана премиерата на три едночинки на Чехов комедиите „Мечка“, „Трагичар не по своја вина“ и „Просидба“. Во секоја едночинка играат различни членови на големата група, исто така актерите имаа припомош од драмското студио, а имаше дојдено и еден член од средната група.

 

 

„Преку Чехов најлеско може да се долови театарското образование. Чехов е еден од оние драмски посетители кој е повеќе слоен и може да се откријат многу тајни на театарскито занает. Чехов бил оној кој соработувал со најголемите режисери на сите времиња тоа бил Константин Станиславски и неговите драми вклучително и едночинките се сметаат за најдобрии драмски текстови на сите времиња. Мислиме дека ние го заслужуваме вниманието на Чехов, а не тој нашето токму затоа решивме да го обработуваме него во овој семестар“, вели Саша Нацевски, режисер.

 

Актерите велат дека претставите ги работеле околу 3 месеци, а за нив ја употребувале т.н. „Медуза“ метода.

 

„Станува збор за завршната претстава на големата група при училиштето за театар. Ги работевме комедиите на Чехов, „Мечка“, „Трагичар не по своја вина“ и „Просидба“. Во секоја едночинка играат различни членови на големата група, исто така имаме припомош од драмското студио, а имаме дојдено еден член и од средната група.

 

„Работиме според методот на Чехов, односно техника „Медуза“ таа е техниика која нас ни ја објасни режисерот Саша, работевме долго и пробите беа навистина тешки. Чехов е еден од потешките драмски писатели за обработка, но со долг труд успеавме да го совладаме текстот. Техниката „Медуза“ е како хранење, како медузата што гии јаде планктоните така и режисерот ги храни актерите. Прво имавме мали часови, како историја за текстовите, што се работи, како се работи а потоа и самите ги внесовме тие знаења во самата драма“, истакна, Александар Трајкоски, актер.

 

Следна претстава на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ е на 5 јуни, на најмалата група, „Ромео и Јулија“ на Вилијам Шекспир, под менторство на актерката Димитрина Мицкоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи